ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Какво е лекувањето на синдром на полицистични јајници кај млада жена?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кај девојки со наод на ултразвук кој укажува на полицистичен изглед на јајниците, за да се постави дијагноза синдром на полицистични јајници потребно е да се исполнат неколку критериуми. Еден од нив е ултразвучен наод каде еден или двата јајника имаат полицистичен изглед. Покрај тоа, потребно е да се исполни уште најмалку еден критериум, како што се: менструален циклус подолг од 35 дена, присуство на хормонски дисбаланс, а треба да се испита и дали постои инсулинска резистенција. Синдромот на полицистични јајници има и наследна основа. Ова состојба може добро да се регулира со соодветна терапија, така што особата да води нормален живот и да оствари мајчинство. Совет е да се направат сите потребни анализи неопходни за поставување на оваа дијагноза.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија