ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што да се направи ако се заборави контрацептивно апче?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кога ќе се прескокне едно апче во периодот од 8 до 15 ден од циклусот, потребно е да се продолжи со редовно земање на апчињата. Во некои упатства стои дека, доколку се заборави да се земе апче во тој период, треба да се земе веднаш штом се сетите дека сте заборавиле, дури и ако тоа значи дека треба да се земат две апчиња - она што е заборавено и она што редовно се зема тој ден. По тоа, продолжува се со вообичаениот распоред на земање апчиња. Во тој дел од циклусот потребна е дополнителна заштита, во вид на кондом. Оскудно крвавење може да се појави и без да се прескокне некое апче, па доколку таквото крвавење продолжи, потребно е да се јавите кај гинеколог за преглед.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија