ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Ранички и чир на стидните усни, придружени со сврбеж и анемија - што може да биде причина?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Поради описот на локалните тегоби, препорачливо е да се направи преглед кај гинеколог и кај дерматовенеролог, бидејќи симптомите можат да укажуваат на инфекција. Раничките на усните кај жените најчесто се од гљивично потекло, но можат да се јават и како последица на хормонски недостаток, што може да доведе до сувост на вагината. Чирот кој се опишува не треба да се смета за целосно безопасен, па затоа е потребно тој наод да го види гинеколог или дерматовенеролог. Со анемијата треба посебно да се позанимавате - потребно е да се испита причината за ниската вредност на хемоглобинот, вклучително и со анализа на железото во серумот. Овие две тегоби не мора да бидат меѓусебно поврзани, но е важно да се разјасни дали постои поголем губиток на крв (преку дигестивниот тракт или преку менструално крварење), недоволен внес на железо преку исхраната или неадекватна апсорпција на железо.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија