ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Може ли уреаплазмата да биде причина за неуспешните обиди за зачнување во текот на една година?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Најпознатите три бактерии, а воедно и меѓу потенцијално најопасните, се хламидија, микоплазма и уреаплазма. Тие се најчести причинители на инфекции во репродуктивниот период кај мажите и жените. Докажано е дека секоја втора жена и секој трет маж се асимптоматски преносители на хламидија, а здравствената статистика покажува дека едно од десет сексуално активни лица е инфицирано. Овие бактерии навлегуваат преку вагината низ грлото на матката до внатрешните генитални органи. Се создава хронична воспаление кое со текот на времето предизвикува стеснување на јајцеводите. Организмот се обидува да го ограничи жаришвото на воспалението, процес кој може да трае недели, па дури и месеци, а завршува со создавање на лузни (ткиво) слично на кожните лузни. Тие лузни на јајцеводите или семеводите можат да предизвикаат стеснување и проблем со плодноста. Инфекцијата се активира при пад на имунитетот, поради стрес или контакт со друго лице, и може со години да „тлее“ во организмот без симптоми. Сепак, таа предизвикува воспаление на грлото на матката, јајниците и долниот дел на стомакот, а во потешки случаи и стерилитет, што е една од најтешките последици од нелекувана инфекција. Бидејќи инфекциите со уреаплазма обично поминуваат без симптоми, со текот на времето можат да доведат до проблеми со плодноста, вклучувајќи болести на јајцеводите и повторени спонтани абортуси кај жените, како и намалена подвижност и број на сперматозоиди кај мажите (докажано е дека уреаплазмата се „врзува“ за сперматозоидите и на тој начин го спречува оплодувањето). Треба да се напомене дека уреаплазмата е помалку опасна од хламидијата и микоплазмата, но не треба да се занемарува. Во секој случај, потребно е упорно и континуирано лекување со антибиотици во орална форма. По повторувањето на анализите за уреаплазма, ќе се утврди дали инфекцијата е елиминирана од организмот. Потоа, во договор со надлежниот гинеколог, ќе се утврдат натамошните чекори и прегледи со кои ќе се процени состојбата на репродуктивните органи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија