Кои се видовите контрацептивни пилули и како се користат?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Контрацептивните пилули се користат од повеќе причини. Познато е дека се користат во терапија на полицистични јајници, кај проблеми со акни, за третман на прекумерна обраснатост со влакна, а секако и за спречување на бременост.
Постојат неколку различни типови контрацептивни пилули според својот состав, кои се разликуват во зависност од количината на хормони.
Најчестите типови се:
- прогестеронски контрацептивни пилули кои содржат само хормон прогестерон и се погодни за жени кои не можат да земаат естроген, кои доеат, постари се од 35 години и пушат.
- контрацептивни пилули кои содржат и естроген и прогестерон и кои спаѓаат во групата најчесто користени контрацептивни пилули. Најпознати се тие што се земаат 21 ден (т.н. монофазни), при што во следните 7 дена се јавува ново менструално крвавење, и мултифазните, кои содржат различни нивоа на хормони што се зголемуваат со времето и се развиени со цел да се намалат несаканите ефекти од контрацептивните пилули, но кај нив воопшто не доаѓа до менструално крвавење.
Изборот на контрацептивни пилули зависи од вашите потреби и од вашата возраст. Контрацептивните пилули можат да се земаат подолг временски период.
Најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог во врска со изборот на контрацептивни пилули, а исто така и во врска со времетраењето на нивното користење.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Какво е лекувањето на синдром на полицистични јајници кај млада жена?
- Свраб и секрет со жолта боја - што може да е причина?
- Нередовна и зачестена менструација, замор и нервоза во 37-годишна возраст - што може да биде причина?
- Колку е опасно одложувањето на отстранувањето на полип на грлото на матката?
- Дали задоцнетата менструација со негативни тестови за бременост бара дополнителни прегледи?
- Дали бета hCG под 0,2 со задоцнета менструација од четири дена укажува на бременост?