Кои се причините за перутање и чешање на брадавицата на градата?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Понекогаш недостаток на естрадиол може да доведе до сува кожа. Можете да направите хормонски статус и евентуално да посетите дерматолог.
Перутањето на брадавиците на градите често е последица на атопски дерматитис - „детски“ екцем, кој се јавува со знаци на сува кожа и преосетливост на синтетика, волна, темни бои на облека, хемикалии, некои метали и слично. За почеток користете благи сапуни (гелови) или маслена бања за прање на брадавиците, а по прањето нанесувајте хидратантни кремови. Пожелно е препаратите да не бидат парфимирани. Носете светли, памучни градници. Доколку промените не се повлекуваат, потребен е преглед кај дерматолог.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Какво е лекувањето на синдром на полицистични јајници кај млада жена?
- Свраб и секрет со жолта боја - што може да е причина?
- Нередовна и зачестена менструација, замор и нервоза во 37-годишна возраст - што може да биде причина?
- Колку е опасно одложувањето на отстранувањето на полип на грлото на матката?
- Дали задоцнетата менструација со негативни тестови за бременост бара дополнителни прегледи?
- Дали бета hCG под 0,2 со задоцнета менструација од четири дена укажува на бременост?