ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кога се плодните дена кај жената?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Плодните дена кај жената се во периодот на овулацијата, што се случува во средината на менструалниот циклус. Календар на плодни дена може да се направи така што првиот ден од менструалното крварење се означува како почеток, а последниот ден пред менструацијата како крај на хоризонталната линија што претставува менструален циклус. Потоа, со мерење на базалната телесна температура, се обележуваат деновите со друга линија. Местото на кривата каде базалната температура почнува да расте е моментот на овулацијата. Плодните дена се неколку дена пред и неколку дена по овулацијата. Меѓутоа, ако жената има нередовни циклуси, овој метод не е сигурен за одредување на плодните дена.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија