ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кога е безбедно да се планира нова бременост по спонтан абортус?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Ова е период на психофизичко закрепнување и важно е да му се посветите. Потребно е време да се обработат чувствата на тага, страв и вина кои често се јавуваат, а исто така и телото треба време да закрепне. Најчесто не се знае причината за спонтаниот абортус и не сте виновни за тоа - тој не значи дека ќе се повтори во следната бременост. Физиолошки, можно е да се затрудните веќе по првата менструација, но тоа не се препорачува. Препораката е периодот на закрепнување да трае од 3 до 6 месеци пред нова бременост. Во овој период може да помогне психолошко советување, а пред нова бременост препорачливо е гинеколошки преглед, вагинален и цервикален брис, како и микробиолошки прегледи за микоплазма, уреаплазма и хламидија. Во зависност од проценка на гинеколога, можат да се направат и други испитувања. Важно е и општата здравствена состојба, како и исклучување на антифосфолипиден синдром, кој најверојатно не е случај. Значи, сега е време да се посветите на себе и на своето закрепнување - останатото ќе дојде.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија