ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква е врската помеѓу ХПВ и уреаплазма инфекциите?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Уреаплазмата е внатреклеточна бактерија која се лекува со антибиотици од широк спектар, во доволно долг период. ХПВ инфекцијата може да се спречи со вакцина. Ако сте веќе заразени со ХПВ вирус, препорачливо е да се направи типизација на вирусот за да се знае на кој сој припаѓа и колкав е степенот на ризик. За ХПВ вирус нема специфичен лек, но јак имунолошки систем е најдобра одбрана. Затоа е важно да се јакне имунитетот преку здрав начин на живот и соодветни додатоци на исхрана. Промените предизвикани од ХПВ вирусот треба да се отстранат навреме, а редовните превентивни прегледи се од голема важност.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија