ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква е врската меѓу контрацепцијата и полицистичните јајници?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Инсулинската резистенција е често поврзана со проблемот на полицистични јајници. Рецепторите за инсулин во јајниците се разликуваат од оние во другите ткива на начин што, кога нивото на инсулин во крвта е повишено, клетките во јајниците не го „исклучуваат“ дел од своите рецептори за инсулин и не ја намалуваат нивната активност. Со тоа, дејството на вишокот инсулин не се намалува во ткивото на јајниците. Клетките растат и се умножуваат, зголемувајќи ги своите активности. Резултат е зголемено производство на машки (тестостерон) и женски (естроген) полови хормони, што негативно влијае врз текот на менструалниот циклус. Кај здравите жени, јајниците создаваат одредени количини тестостерон и го претвораат во естроген. Меѓутоа, засиленото производство на тестостерон при инсулинска резистенција го надминува капацитетот на јајниците за оваа хормонска конверзија, што резултира со вишок тестостерон во организмот. Ова е причина за честата појава на засилена окосмиченост, акни и дебелина кај жените со синдром на полицистични јајници. Затоа воведувањето хормонска терапија не е погрешно, но пред воведување на контрацептивни таблети секако треба да разговарате со вашиот гинеколог.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија