ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Изостанок на менструација скоро два месеца кај девојче - дали е нормално?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Задоцнувањето на менструалниот циклус во оваа возраст може да биде сосема нормална појава, особено ако репродуктивното созревање на организмот дури неодамна започнало. Не може девојче на 12 години да се спореди со особа на 18, 25 или 50 години. Важно е да се знае кога се јавила првата менструација и колку често доаѓало до крварење досега. Советот е девојчето да оди на гинеколошки преглед, за да се исклучат евентуални други гинеколошки проблеми и, доколку е потребно, навреме да се започне со соодветна терапија. Доколку постои нормален химен, прегледот може да се изврши ректално или со ултразвук преку абдоминална сонда, така што и во оваа возраст сè може добро да се провери.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија