ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали задоцнетата менструација значи бременост?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Со оглед на тоа што менструацијата задоцнува, а доколку сте имали сексуален однос, можете да направите анализа на урина за бета хЦГ, односно домашен тест за бременост, со кој би се утврдило дали сте во бременост или не. Во овој момент тестот со сигурност би бил позитивен доколку постои бременост. Постои можност дека поради контрацептивните пилули хормоните во организмот сега работат појачано, откако до сега биле супресирани, па задоцнувањето на менструацијата всушност претставува враќање на хормоните во рамнотежа. Постојат и други причини поради кои менструацијата може да задоцни, како на пример стрес, простуда, хормонален дисбаланс, фоликуларна циста која можела да се формира поради засилено дејство на хормоните и слично. Советот е прво да се направи тест на урина (трака) за бременост, а по потреба да се закаже преглед кај гинеколог со кој ќе се договори понатамошен план на активности.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија