ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали орални контрацептиви можат безбедно да се користат кај жени што пушат и имаат зголемена телесна тежина, поради ризик од тромбоза?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Преку детална анамнеза за кардиоваскуларни болести (лични или во семејството), клинички преглед и лабораториски анализи, се намалува потенцијалниот ризик поврзан со земање орални контрацептиви. Доколку сте загрижени, најдобро е прво да направите анализа на крвта, па потоа да започнете со земање на пилулите. Секако, препорачливо е да се намали или целосно да се прекине пушењето, а исто така да се работи и на намалување на телесната тежина. Лекарот кој ви ги препорачал пилулите веројатно ги имал предвид сите овие фактори, така што можете да ги користите.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Гинекологија