Дали брадавиците околу влезот на родницата и по телото можат да се појават и покрај негативен наод на ХПВ?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Анализата на ХПВ зависи од тоа дали е направена од крв или преку цервикален бришок за присуство на вирусот. Исто така е важно на кои типови на вирусот е тестирано, бидејќи типовите 6 и 11 најчесто предизвикуваат промени на кожата, додека типовите 16 и 18 се најмалигни и носат ризик за развој на карцином на грлото на матката. Типовите 31, 33 и 35 имаат потенцијално онкогено дејство, но послабо изразено од типовите 16 и 18.
Постои можност промените всушност да не се предизвикани од ХПВ, туку да станува збор за molluscum contagiosum, состојба предизвикана од Pox вирус (molluscum contagiosum virus), особено ако промените се прилично раширени, а истовремено пап-тестот и анализите на ХПВ се уредни. Овој вирус не е опасен како ХПВ, а третманот е сличен. Се пренесува од човек на човек, преку облека, пешкири и слично.
Постојат повеќе различни методи за третман на брадавици, меѓу кои: третман со течен азот односно криохирургија, електрофлугурација со радиобранови, ласерско отстранување, отстранување со препарати на база на салицилна киселина, или локална апликација на цитостатски препарат директно во ткивото на брадавицата.
Потребно е да се разговара со гинеколог и да се побара мислење од дерматовенеролог за да се утврди точната причина и да се спроведе соодветно лекување.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Какво е лекувањето на синдром на полицистични јајници кај млада жена?
- Свраб и секрет со жолта боја - што може да е причина?
- Нередовна и зачестена менструација, замор и нервоза во 37-годишна возраст - што може да биде причина?
- Колку е опасно одложувањето на отстранувањето на полип на грлото на матката?
- Дали задоцнетата менструација со негативни тестови за бременост бара дополнителни прегледи?
- Дали бета hCG под 0,2 со задоцнета менструација од четири дена укажува на бременост?