ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи зголемен пролактин при уредни останати полови хормони?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Пролактинот е зголемен, а причината не е позната. Важно е да се знае поради што е правена анализата, бидејќи лекарот кој ја побарал анализата може најдобро да процени што понатаму треба да се испитува. Зголемените вредности на пролактин можат да произлегуваат од различни ендокринолошки или други причини, како болести на хипофизата, штитната жлезда, дојката, бубрезите, или како дејство на одредени лекови.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на ендокриниот систем