ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи покачен феритин заедно со покачено железо и какви анализи и лекување се потребни?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Феритинот е комплекс на железо и протеин кој служи да го ослободи железото во крвта кога е потребно. Ако феритинот е висок, тоа значи дека постои и висок ниво на железо во депо-облик, што може да доведе до хемохроматоза, односно наталожување на железо во органите, што не е добро. Причините за висок феритин можат да бидат бројни хронични болести. Затоа е потребен внимателен интернистички преглед за да се открие можната основна болест која е причина за ова. Со лекување на основната болест се намалува и нивото на феритин.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на ендокриниот систем