ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значат покачени микрозомални антитела кај дете со уреден TSH?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Анти-ТПО антителата, како и кај возрасните, укажуваат на автоимун процес во штитната жлезда. Во зависност од клиничката слика, симптомите кои детето ги чувствува, а потоа и од ултразвучниот наод, може да се каже за кој тип автоимуна болест се работи. Ултразвучниот преглед може да покаже зголемување на масата на штитната жлезда или нејзино намалување. Вредностите на хормоните на штитната жлезда во овој случај се уште во референтните граници, што значи да нема отстапување ниту во смисла на хипо-, ниту на хиперфункција на штитната жлезда, но состојбата треба да се следи поради присуството на антителата. Препорачливо е да се побара совет од педијатар ендокринолог за понатамошните чекори.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на ендокриниот систем