Што значат ознаките на хормоните на штитната жлезда?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Ознаката F значи „free“ (слободен), односно слободен тироксин кој не е врзан за протеините на плазмата.
Според тоа, FT4 е слободен тироксин, а T4 е вкупен тироксин – врзан и невразан за протеините на плазмата.
Истото важи и за FT3 и T3.
Овие два хормони се во повратна врска со TSH – тиреостимулирачкиот хормон на хипофизата.
Со одредување на сите овие хормони се добива увид во функцијата на штитната жлезда и видот на нејзиниот евентуален поремет.
Сите овие хормони имаат свој нормален опсег, односно референтни вредности.
Повишување или намалување на нивните вредности укажува на поремет во работата на штитната жлезда.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Каква исхрана се препорачува за дијабетичари?
- Дали е потребна корекција на дозата на Еутирокс во бременост?
- Хипотиреоза и Хашимотова болест без терапија - што значи тоа?
- Може ли инсулинската резистенција да предизвика нередовна менструација?
- Дали нодус на штитната жлезда, низок витамин Д и потењето се поврзани?
- Замор и оток на јазикот по отстранување на штитната жлезда и терапија со радиојод - што да преземам?