ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Протеини кај PCOS, засилена влакнетост и надуеност од леб - што да правам?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Избегнувајте брзи и ригорозни дијети кои за кратко време доведуваат до губење килограми, но пред сè вода и мускулна маса. Важно е да се ослободите од масните наслаги, бидејќи во нив доаѓа до зголемено производство на естроген на сметка на намалување на прогестерона, што води во еден маѓепсан круг. Затоа, на прво место треба да намалите внесот на јаглехидрати и скроб (пецива, разни тестенини, слатки...), бидејќи секој пат кога ќе изедете нешто слатко тоа доведува до нагло покачување на шеќерот во крвта и ослободување на инсулин. Кога постои висок ниво на инсулин во крвта, тој последователно доведува и до ослободување на машки полови хормони кои се одговорни за појавата на засилена влакнетост, акни и слично. Внесувајте повеќе свежо овошје и зеленчук и пијте околу 2 литри вода дневно. Што се однесува до whey протеините, наместо вештачки преработени протеини, препорачливо е во исхраната да внесете пилешко месо, риба, јајца, млечни производи, мешунки, морски плодови и ореви, кои во својот состав содржат доволно природни протеини што поволно ќе влијаат на вашиот организам, а со тоа и на вашата тежина. Следејќи ги овие совети, заедно со балансирана исхрана и умерена физичка активност, наскоро ќе видите позитивни ефекти на вашето тело.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на ендокриниот систем