Која е разликата помеѓу алергија и интолеранција на храна?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Вистинската алергија на храна е резултат на реакција на имунолошкиот систем која влијае на бројни органи во телото и предизвикува широк спектар различни симптоми. Од друга страна, интолеранцијата на храна е претежно ограничена на пробавни проблеми. Најчести причини за интолеранција на храна се: недостаток на некој ензим неопходен за целосно варење на храната, синдром на нервозно дебело црево, труење со храна, преосетливост на некои прехранбени адитиви, стрес или психолошки фактори, и целијакија.
Симптомите на алергиска реакција се посериозни и потешки бидејќи можат да имаат многу сериозни последици, па дури и да го загрозат животот.
Алергијата на храна е имунолошка преосетливост која најчесто се јавува како одговор на протеините од млеко, јајца, морски плодови, школки, соја, орашести плодови, пченица и кикирики. Вистинските алергии се поврзани со создавање на „брзи“, односно IgE антитела.
Неалергиската преосетливост (хиперсензибилизација) на храна е ненормален физиолошки одговор на храна. Многу е тешко да се открие која храна предизвикува интолеранција бидејќи во тоа учествуваат „бавни“ IgG антитела. Виновникот (храната) и извршителот (IgG антителата) не се јавуваат во исто време. Интолеранцијата на храна може да вклучува фармаколошки, метаболички и токсичен одговор на храна или компоненти на храна.
Дијагнозата се поставува врз основа на лична и семејна анамнеза, потоа кожни и серолошки тестови со кои се исклучуваат другите причини. По исклучувањето на „вистинските“ алергии на храна и другите можни причини, се пристапува кон тест за интолеранција на храна. Со овој тест се докажува патолошко присуство на специфични IgG антитела. Овие „бавни“ антитела настануваат откако организмот во некој состојка на храната препознал „странец“ (антиген) кој мора да го елиминира. Колку повеќе „странци“ има, толку е помала можноста за елиминација, и нашите антитела поврзани со антигените лутаат низ организмот, создавајќи проблеми каде и да се задржат во поголем број.
Кај алергијата на храна се јавуваат повишени IgE антитела, додека кај интолеранцијата во првата фаза се јавуваат повишени IgA антитела, а по подолго време на стимулација доаѓа до формирање на IgG антитела.
Во првата, почетна фаза на лекувањето, потребно е од исхраната да се исклучат сите намирници за кои е утврдено дека постои каков било степен на интолеранција, додека во втората фаза (фаза на одржување) трајно се избегнуваат намирниците со висок степен на интолеранција. Бидејќи симптомите не се силни и не се јавуваат нагло, така и нивната елиминација се очекува дури по 4-6 недели. Одредени поедноставни симптоми поврзани со лоша функција на пробавниот систем, без морфолошки промени на цревната слузница, се повлекуваат и порано.
Може да се направат кожни проби и серолошки анализи, односно одредување на IgA, IgE и IgG во серумот, со што се исклучува целијакијата како причина за состојбата.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Каква исхрана се препорачува за дијабетичари?
- Дали е потребна корекција на дозата на Еутирокс во бременост?
- Хипотиреоза и Хашимотова болест без терапија - што значи тоа?
- Може ли инсулинската резистенција да предизвика нередовна менструација?
- Дали нодус на штитната жлезда, низок витамин Д и потењето се поврзани?
- Замор и оток на јазикот по отстранување на штитната жлезда и терапија со радиојод - што да преземам?