ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како ТСХ влијае на посакуваната бременост?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Постојат два хормони кои во бременоста можат да предизвикаат промени во нивото на хормоните на штитната жлезда: хорионски гонадотропин (hCG) и естроген. hCG се синтетизира во плацентата и делува слично на ТСХ, бидејќи благо ја стимулира штитната жлезда да произведува повеќе тиреоидни хормони. Повишеното ниво на естроген доведува до зголемување на нивото на протеините кои ги врзуваат тиреоидните хормони во крвта и ги транспортираат низ организмот. При тоа, количината на слободните хормони на штитната жлезда (тие што не се врзани за протеини) обично не се менува. Овие, инаку нормални хормонски промени во бременоста, можат да ја отежнат интерпретацијата на резултатите од тиреоидните хормони. Лекарите препорачуваат проверка на нивото на ТСХ пред бременост или барем во почетокот на бременоста, особено кај жени кои се лекувани од хипер- или хипотиреоидизам, кои имаат струма (зголемена жлезда) или имаат семејна историја на болест. Генерално, нормалните вредности во бременост треба да се движат во опсег до 3-3.5. Секако е неопходно за ова да разговарате со вашиот гинеколог и ендокринолог, за да се утврди реалната состојба, дали е потребно да се направи fT4 доколку не е направено, антитела на штитната жлезда, ултразвук, и евентуално контроли на 6-8 недели, па во случај резултатот да се повтори, да ви се вклучи заместителна терапија.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Болести на ендокриниот систем