Внимателно за празниците, алкохолот и лековите не одат заедно
Алкохолот може на многу начини да влијае на делувањето на лековите, затоа сите кои земаат лекови на рецепт, без рецепти лекови или билни препарати, треба навреме да се информираат за можните несакани интеракции.
Станува збор за низа непредвидени ризици, а последиците зависат од возраста, здравствената состојба на поединецот, количините на конзумираниот алкохол и лекови кои се користат за лекување поради акутни или хронични состојби.
Алкохолот може да го промени ефектот на лекот, да влијае на концентрацијата на лекот во крвата, а некои лекови можат да го забават метаболизмот на алкохолот и така да предизвикаат негов токсичен ефект.
Дури и со умерена доза на алкохол може многу повеќе да биде изразено несаканото дејство на лековите кои можат да бидат опасни, да предизвикаат влошување на болеста, па дури и смрт, предупредуваат фармацевтите.
– Предупредувањата за опасностите не треба да бидат игнорирани, затоа што тоа е опасноста реалност. Мешањето може да предизвика мачнини, главоболки, бессознание, повраќање, слабост, губење координација, зголемен ризик од внатрешно крварење, срцеви заболувања и отежнато дишење, се вели во соопштението.
Оваа забелешка важи и за лекови без рецепт и билни лекови за кои тешко може да се претпостави дека можат така да реагираат со алкохолот.
