Занимливости

Ризичните навики не предизвикуваат рак?

Повеќето видови карциноми не може да се препишат на наследните фактори или на ризичните навики како што е пушењето, покажува истражувањето на американските лекари, во кое се сугерира дека две третини од заболувањата од рак се предизвикани од „лошата среќа“ на случајните мутации.

– Оваа студија покажува дека можете да бидете изложени на поголем ризик од добивање рак ако пушите или ако имате лош начин на живот – рекол Берт Вогелстејн, автор на студијата и професор по онкологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Џон Хопкинс“.

„Меѓутоа, многу облици на рак се главно предизвикани од лошата среќа кога станува збор за мутација на гени кои предизвикуваат рак, без оглед на начинот на живот и наследните фактори.“

Тој додал дека луѓето кои долго живеат без добивање рак, и покрај тоа што се долгогодишни пушачи или биле често изложувани на сончево зрачење, немаат, всушност, „добри гени“.

– Вистина е дека повеќето од нив се само среќници – рекл Вогелстејн.

Студијата е базирана на статистичкиот модел кој вклучува многу облици на рак во широк распон на човечки ткива.

Тимот се обидел да ја согледа проблематиката на ракот со пребарување на научната литература за информациите колку пати матичните клетки се поделуваат во текот на просечниот човечки живот.

Ракот на дојка и простата не е вклучен во студијата бидејќи литературата не покажува сигурни податоци за поделбата на матичните клетки во тие делови на човечкото тело, рекле авторите.

Некаде околу 22 облици на рак, кои се појавуваат во 31 вид проучувани ткива можат да се препишат на случајните мутации, покажува студијата.

Другите девет „покажуваат зачестеност поголема од онаа прогнозираната со „лоша среќа“ и се смета дека за нив се одговорни комбинацијаta на лоша среќа и влијанието на околината или наследните фактори“, наведуваат од Универзитетот.

Овие девет облици рак ги вклучуваат ракот на бели дробови и ракот на кожа, на кои влијае изложувањето на чад и на сончево зрачење, како и некои облици на рак за кои се знае дека се наследни.

Резултатите укажуваат на тоа дека уште поголем акцент треба да се стави на раната детекција на ракот. 

Подготви: К. А.


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button