Занимливости

ПРОЧИТАЈТЕ: Зошто децата секогаш се гладни

За да дознаеме како желбата за храна и нејзината регулација се менуваат во текот на животот, американските психолози го испитале доживувањето на храната кај 105 здрави испитаници на возраст од 6 до 23 години.

На испитаниците со снимање со магнетна резонанција им ја испитале активноста на мозокот во текот на следењето на фотографиите на „нездрава“, но привлечна храна.

Во текот на набљудувањето на некои фотографии, испитаниците се обидувале да замислат дека храната е пред нив и дека ги чувствуваат нејзините мирис и вкус, па потоа требало да ја оценат нивната желба за таа храна. На тој начин истражувачите ги процениле типичните реакции на примамливата храна.

Исто така, за некои други фотографии испитаниците требало да замислат дека храната е далеку од нив и да се концентрираат на нејзиниот изглед, форма и боја, што на истражувачите им овозможило да одредат во која мера можат да ги регулираат своите желби за примамлива храна.

Резултатите покажале дека сите групи имале во просек за 16 отсто помала желба за храна кога користеле когнитивна техника на замислувања на визуелни карактеристики на храната.

Меѓутоа, децата сепак имале посилни желби за храната отколку адолесцентите и возрасните, дури и кога користеле когнитивна стратегија.

Мозокот на децата со висок индекс на телесна масa (BMI) покажа пониска префронтална активнoст во текот на користeњето на стратегијата за регулација на желбата за храна отколку мозокот на децата со понизок BMI.

Затоа истражувачите претпоставиле дека подрачјата на мозокот  вклучени во регулација на желбата за храна се разликуваат кај децата зависно од телесната маса.

(Телеграф.мк/МИА)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button