Вљубеноста нѐ прави поглупави! Еве зошто…
Читате една иста реченица веќе половина час и никако да ви влезе в глава? Се обидувате да испратите рутински мејл до колегите, но некако не оди? Не можете да ги најдете клучевите? Заборавени сте? Расеани? Дали можеби сте вљубени?
Според најновата студија луѓето што се свежо вљубени се помалку способни да се фокусираат и да извршуваат задачи што се бараат од нив. Мозокот како да им откажал.
Во почетокот на врската ќе забележите дека сѐ потешко ви е да се концентрирате на што и да е, бидејќи вашите ментални капацитети се насочени кон саканиот човек.
Едноставно, и мажите и жените кога ќе се вљубат, стануваат опседнати од своите чувства и тоа до тој степен, што не се способни ништо повеќе да прават. Како што се покажало, сите центри во мозокот работат идеално, но вљубениот човек не е во состојба да го разликува важното од неважното. Колку вљубеноста е посилна, толку повеќе интелектуалната моќ е послаба.
Науката сѐ уште нема конечен одговор на прашањето зошто мозокот ја губи битката со срцето. Возможно е љубовта да нѐ тера да ги трошиме сите умствени капацитети на размислување за саканиот човек. Мора да се земе предвид дека романсата сама по себе е мошне забавна и нѐ прави среќни, така што фантазирањето за љубовта го презема приматот над размислувањето за здодевните секојдневни обврски.
Возможно е работите да ги погледнеме и од спротивен агол, односно кога некој би ја намалил контролата над својот ум, би можел да почувствува и посилна љубов кон некого.
Подготви: К. А.
