ОТКРИЕНА Е ТАЈНАТА: Ова е диеталниот пијалак на Кејт Мидлтон
(ФОТО:Guliver/Getty Images, Guliver/Thinkstock) Еликсирот на убавината и здравјето е всушност домашен сок од кељ, што Кејт Мидлтон го пие секое утро.
Многумина се во потрага по нејзината тајна, особено откако воодушеви со беспрекорен изглед веднаш по раѓањето на ќерката Шарлот.
Всушност Кејт својот еликсир на убавина и енергија го пронашла во сокот од кељ, едноставно зеленчукот го става во блендер и добива суперздрав зелен пијалак.
Војвотката овој моќен сок го пие секое утро, а го испила дури и она утро кога заминала в болница да се породи.
Младата мајка сама си го приготвува овој еликсир во Анмер Хол, новиот дом на кралското семејство, а на оваа тајна ја научила нејзината сестра Пипа Мидлтон која се занимава со нутриционизам.
(ФОТО:Guliver/Getty Images, Guliver/Thinkstock)
(ФОТО:Guliver/Getty Images, Guliver/Thinkstock)
(ФОТО:Guliver/Getty Images, Guliver/Thinkstock)
Во овој скриен и мирен крај на Велика Британија( селото Анмер брои сè на сè 63 жители) за Кејт е многу едноставно самата да се грижи за здравата исхрана на своето семејство.
„Кејт ужива во природата, купува свежи локални производи, и тоа исклучиво органски. Принцезата се однесува сосема нормално меѓу локалните жители и никој не ѝ пречи. Луѓето ѝ дозволуваат да ‘дише’ и никој не бара да се фотографира со неа“,тврдат извори блиски на кралското семејство.
(Телеграф.мк/ljepotaizdravlje.hr)


