Занимливости

Ако се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!

Никогаш претходно не се зборувало толку многу за здравата исхрана. Нутриционистите и големиот број експерти секојдневно нè бомбардираат со бројни совети, предупредувања и најнови откритија за начинот на кој храната влијае врз нашето здравје. Во ова море од информации премногу е тешко да се издвојат оние вистинските совети, а ситуацијата е уште потешка кога треба на полиците во маркетот да се најдат соодветните производи. Но, нутриционистите сепак едногласно се согласуваат за одредени производи на кои никој од нас не може да одолее, но, кои би требало без размислување да ги исфрлите од вашата исхрана.

1. Диетален овошен јогурт

Ако се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!

Поголемиот дел од овие производи содржат огромна количина додадени шеќери и ароми, а најчесто имаат дури и до третина помалку протеини од обичниот јогурт. На кратко, тие неколку калории кои ќе ги заштедите се безначајни во однос на фактот што овие производи немаат скоро никаква нутриционистичка вредност.

2. Кашкавал пакуван во листови

Ако се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!

За време на обработката на овој кашкавал се користат огромен број адитиви и нивниот вкус потсетува на гума. Полномасните кашкавали се многу подобра опција за вас бидејќи помалку се преработуваат, а вкусот им е многу поприроден. Настрана од тоа, „обичниот“ кашкавал ќе ви овозможи многу подолго чувство на ситост отколку овој.

3. Житарици обогатени со протеини

Ако се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!

Овие видови житарици содржат високопреработена соја (изолат – протеин извлечен од сојата) која не содржи никаква хранлива вредност. Настрана од тоа, доколку за појадок јадете обични житарици со млеко или јогурт, ќе му овозможите на вашиот организам сосема доволно количество на протеини.

4. Крем за кафе

Ако се грижите за вашето здравје веднаш заборавете на овие нешта!

Овие производи му даваат на кафето посебен кремав вкус, но содржат голем број нездрави состојки и трансмасти. Ако не можете да го пиете вашето кафе без додатоци, одберете обезмастено млеко.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button