Занимливости

Што добивате од само 10 дена одмор на море?


Што добивате од само 10 дена одмор на море?


Летувањето е одлично за сите наши сетила, а освен добрата забава одморот на море нуди многу повеќе кога станува збор за нашето здравје.

moreto-e-lek-za-organizmot-poglednete-sto-dobivate-od-10-dneven-odmor-1

Научните истражувања велат дека вашиот имунитет значително се зајакнува дури со само 30 минути дневно поминати покрај море.

Сепак, ако ви требаат уште неколку причини за одмор покрај море ова лето, ова се најважните:

Поголема плодност

Сончевите зраци ја зголемуваат плодноста кај двата пола поради зголемување на нивото од витаминот Д. Доколку жените сакаат да останат бремени, австриските стручњаци велат дека најголемите шанси да останете бремени се токму на летување. Витаминот Д го зголемува нивото на женските хормони прогестерони и естрогени што се значајни за регулирање на циклусот.

Понизок крвен притисок

Медицинските студии досега докажале дека УВ зраците се виновници за отпуштање на оксид од кожата, што резултира со опуштање на крвните садови поради кои нашиот крвен притисок опаѓа.

Повеќе секс

Неодамнешното истражување во Велика Британија покажало дека луѓето најмногу имаат сексуални односи во месец август. Научниците овие резултати ги објаснуваат повторно повикувајќи се на сончевите зраци кои го зголемуваат хормонот на среќа кај мажите и жените.

641a115ee42f098d22b945d693c4aed1

Подобар сон

Со самото тоа што не поминувате време пред телевизорот и компјутерот вашиот сон се подобрува. Промената на климата и психичкиот одмор позитивно влијаат врз квалитетот на сонот.

Полесно дишење

Морскиот воздух содржи јод кој ја олеснува астмата, проблемите со синусите и го регулира нивото на хормоните. За оние кои имаат проблем со дишењето се препорачува да заминуваат на море барем еднаш во годината.

Би можело да ве интересира:
Неодоливите мажи на Викторијас Сикрет ангелитеНеодоливите мажи на Викторијас Сикрет ангелите…
Адриана Лима, Карли Клос, Лили Олдриџ – жени синоними за совршена убавина. Но, и нивните посилни пол…
Мирисот на домот ја открива вашата личностМирисот на домот ја открива вашата личност…
Сетилото за мирис го открива вашиот карактер. Размислете добро пред да одлучите кој мирис ќе преовла…
10 факти поради кои ќе посакате да имате куче10 факти поради кои ќе посакате да имате куче…
Познато е дека кучето е најдобар пријател на човекот. Но, овие животни се повеќе од другари и некој …

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button