Северниот дел на Европа спортски поактивен од јужниот
(Фото: МИА) Поголемиот број Европејци не спортуваат или тоа ретко го прават тоа, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар за спорт и телесни активности.
Според истражувањето жителите во северниот дел на Европа се спортски поактивни во споредба со јужниот дел. Дури 59 проценти од Европејците не спортуваат или тоа ретко го прават, а 41 отсто тоа го прави еднаш неделно.
Во Шведска 70 проценти од анкетираните изјавија дека се занимаваат со спорт или некоја физичка активност најмалку еднаш неделно, во Данска 68 отсто, а во Финска 66 проценти.
Од друга страна, 78 отсто од жителите на Бугарија никогаш не спортуваат, а следат Малта (75), Португалија (64), Романија и Италија (60). Во Хрватска само 35 проценти од испитаниците изјавиле дека барем еднаш неделно спортуваат, а 29 одговориле дека не се спортски активни.
(Телеграф.мк/Извор: МИА)