Занимливости
Маркоски и Јоноски уште две години во Металург
Македонските ракометни репрезентативци, Аце Јоновски (34) и Веле Маркоски (28), ги продолжија договорите со Металург. Столбовите во одбраната на македонскиот шампион и во следните две сезони ќе бидат дел од тимот од Автокоманда.

Двајцата ракометари во Металург дојдоа во 2010 година, Јоновски од португалска Хорта, а Маркоски од екипата на Вардар ПРО, и ова се нивни трети договори Металург.
„Чекавме да спласне репрезентативната еуфорија и да потпишеме нови договори. Тоа што го направивме во изминативе четири години не се мери со ништо, но јас и остатокот од екипата сакаме тоа да го надградиме“, изјавил за клупската интернет страница, по потпишувањето на договорот Маркоски.