Занимливости

Како против лошиот здив?

Најчестиот причинител на лошиот здив се слатките, бидејќи поради јаглените хидрати бактериите зголемено се размножуваат во устата.

zdiv

Лошиот здив може да биде последица и на каменецот, болести како инфекции на белите дробови и ли синусите, нетолеранција на млечни производи или проблеми со желудникот.

Ова се најделотворните методи против лошиот здив:

Вода

Најлесно решение против лошиот здив е водата која ги испира бактериите од устата. Ако устата е влажна, помала  е можноста за лош здив, па водата долгорочно помага во односот на водата наменета за испирање на устата, објаснуваат стоматолозите.

Јаболков оцет

Пред секој оброк испијте една лажица јаболков оцет, а можете да го додадете и во малку вода. Киселината од оцетот ги неутрализира непријатните мириси во усната шуплина.

Анасон

Полека џвакајте ливчиња од анасон и дозволете плунката да ги растопи во устата, а потоа проголтајте. Ливчињата анасон можете да ги додадете и во салата. Повторете ја постапката неколку пати во денот.

Жалфија

Оваа билка содржи етерични масла со антибактериско својство кои ги уништуваат изворите на лош здив. Можете да џвакате сурови ливчиња или да ја исплакнете устата со чај од жалфија.

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button