Рецепти за сокови кои ќе извршат детоксикација на црниот дроб

Ние денес ќе ви презентираме неколку сокови кои ќе помогнат во детоксикација на црниот дроб.
Грејпфрут рецепт
Потребно е:
– 500 мл вода
– 6 свежи лимони
– парче ѓумбир од 10 цм
– 3 грејпфрута
– 3 лажици ленено масло
– 4 чешниња бел лук
– 3-4 прстофати ким
– 3-4 листови свежо нане

Подготовка
Исцедете го лимонот и грејпфрутот и сокот ставете го настрана. Во блендер ставете ја водата изренданиот ѓумбир и лукот. На крајот во блендерот додадете ги и сите останати состојки вклучувајќи го и сокот од лимонот и грјпфрутот. Послужете го сокот во стаклена чаша.
Зелен чистач
Потребно е:
– 125 грама свежа зелка
– 1 лимон
– 25 грама целер
– мало парче ѓумбир од 2 цм
– 500 мл вода
– 4-5 листови нане

Подготовка
Едноставно како и претходниот се заедно ставете во блендер и оставете 1 минута. Потоа ставете во стаклена чаша и испијте.
Овие сокови се извор на многу здрави состојки и не само на црниот дроб, можат да му бидат од корист на сите органи во телото, па затоа слободно можете да ги консумирате во големи количини.
