Занимливости

Секојдневни навики од кои можете да се разболите!

Ви претставуваме неколку најчести грешки кои помагаат вирусите успешно да не совладаат.

nastinki-e1357131121748

1. Патувања

Настинките и грипот се пренесуваат преку воздухот, особено во затворените и непроветрени простории. Протокот на воздухот помага во сушење на воздухот, па така тие имаат помали шанси да не нападнат.

2. Триење на очите

Истражувачите од Универзитетот во Вирџинија откриле дека луѓето ги допираат очите или носот секои три часа, а истражувањата покажале дека голем дел од настинките се пренесуваат на тој начин, со што вирусите од рацете со шират на слузокожата на носот или очите.

3. Повеќекратна употреба на марамчиња

Марамчињата за нос фрлајте ги по употребата, не ги користете повеќе од еднаш, бидејќи вирусите на нив можат да преживеат и неколку часа, па дури и неколку денa.

4. Недоволен сон

За нашите имунолошки ќелии да бидат доволно силни, потребен ни е сон. Истражувањето од Медицинскиот центар во Сан Диего, спроведено на волонтери кои се откажале од половина од вообичаениот сон, открило дека бројот на ќелии кои природно ги убиваат вирусите во просек опаднал за 30 отсто, а тие се главно оружје против вирусните инфекции, како грипот.

5. Стрес

Исцрпените лица полесно се заразуваат и потешко се лечат. Истражувањето спроведено во Велика Британија укажува дек настинката е непосредно поврзана со стресот.

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button