Храна што ќе направи чуда за дигестивниот тракт
Секој од нас барем еднаш ги имал, а симптомите како гадење, повраќање, дијареа и други дигестивни проблеми се јавуваат шест пати почесто кај жените отколку кај мажите… Нутриционистите на прво место советуваат ориз и компири.
Оризот содржи природна лигавица што го облагородува стомакот. Компирот е одлично решение, но само варен, по можност во лушпа, советуваат нутриционистите.
Ким
Ова семе прави чуда во подобрувањето на дигестивниот систем и отстранувањето гасови и надуеност. Ставете една лажичка анасон или ким во една чаша провриена вода, покријте и оставете нека отстои 10 минути. Пијте по три вакви чаши на ден, сѐ додека не ви биде подобро. Истиот ефект ќе го постигнете и со џвакање.
Ѓумбир
Ако сте имале проблеми со варењето, сигурно досега сте добиле совет дека ѓумбирот е одличен за спречување болки во стомакот. Се препорачува против мачнина и воспаление.
Цимет
Овој зачин може да помогне за различни дигестивни проблеми, од утринска мачнина до дијареа и гасови. Циметот го стимулира дигестивниот систем што нежно ја турка храната до дигестивниот тракт.
Јаболки
Богати се со ензими, а растворливите влакна на јаболките помагаат во спречувањето на иритација на желудникот, предизвикана од храна. Ако имате чувствителен стомак, најдобро е да јадете печени јаболка.
Папаја
Често се користи во лекувањето на пречките во варењето како подуеност, гасови, пролив… Ензимот на папајата – папаин, ја разградува храната што може да предизвика иритирање на цревата.
Подготви: К. А.
