Занимливости

Што значи да се биде тинејџер?

Кои се проблемите со врските и односите со кои се справуваат тинејџерите и зошто секој поминат ден е предизвик во оваа критична доба?

Ако се вратиме во времето кога сме биле тинејџери, ќе видиме една личност без маска, која се соочува со симнувањето на велот на етичкиот, лингвистичкиот, религиозниот и културниот диверзитет, и се отвора на својата внатрешна слобода.


Со оглед на должната почит која тинејџерите ја имаат кон нивните родители и постари членови на семејството кои ја прават секоја одлука за нив (бидејќи родителите мислат дека секогаш знаат што е најдобро за нивните деца и се трудат да си го сочуваат „гнездото“ полно), има постојан страв дека тинејџерот нема да го формира своето јас, својот личен идентитет, бидејќи немал сопствен простор и слобода. Секој родител мора да сфати дека тинејџерот не е веќе малото дете кое зависи од нив за се’, туку веќе е млада личност која полека се гради и секој ден е посамостојна.



Иако училишните униформи, висините и тежините им се исти, тинејџерите денес и тинејџерите некогаш се сосема поразлични. Денес времињата се покритични. Тинејџерите имаат мобилни телефони, интернет, имаат на рака се’ што им е потребно да дознаат. Интернетот е безгранична дупка полна со информации – се’ што сакаат, ќе дознаат. А секое сознание отвора нова потреба, создава поголема љубопитност.



Ако некогаш спортот или музичката кариера биле само хоби за оние кои не се супер-талентирани, тинејџерите денес не можат да сонуваат за ништо повеќе од тоа. Да се биде ѕвезда е најважно од се’.


Тинејџерите сега се и посвесни за своето тело и психа за време на периодот низ кој поминуваат. Многу се поздрави и се грижат за здравјето, спортуваат и вежбаат, одржуваат витка линија. Растат за да станат фит и згодни млади дами и момчиња, а сето тоа го прави влијанието на медиумите и ѕвездите кои наметнуваат поразлични вредности и смисла за убавина од она порано. За жал, често се случува и тинејџерки да се заболуваат од пореметување во исхраната поради обидите да изгледаат како „оваа“ или „онаа“.


Романтичните врски порано беа мисловна именка за тинејџерите, но денес младите личности почнуваат со љубовниот живот многу порано одошто порано можеше да се замисли. Социјалните мрежи и интернетот и тука им вршат голема работа. Ни сексуалните врски веќе не се поглавје кое се смета за табу. Тинејџерите ги разбираат и почитуваат сите правила за здрав сексуален живот, кој неретко го практикуваат уште од доста млада возраст. За жал, и тоа доведе до несакани случаи на тинејџерска бременост, која го „поплави“ светот, особено Америка, во последните децении.



Децата имаат врска со своето его, но веќе не го гледаат како маска. И покрај тоа, тие споделуваат врска во која имаат љубов и поддршка од своето семејство, кое се труди на секој начин да им создаде сфера во која ќе имаат простор и време за себеси, за да се пронајдат онакви какви што се, наместо да ги „мануфактурираат“ во личност која им одговара на нив, а детето во неа не се пронаоѓа.


Генерациите сега се далеку поразлични од она што некогаш беа, но мора да се надеваме дека нивната поголема свесност за телото, умот и спиритуелноста, како и полесно достапните материјали за едукација ќе им помогнат да поминат низ тинејџерските години и од нив да излезат како своја личност.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button