Занимливости

Откријте: Зошто убавите жени се сами?

Истражувањата покажуваат дека во светот постојат се повеќе осамени жени, кои поседуваат убавина, стил, кариера, но поради некоја причина не успеваат да го привлечат вниманието на посилниот пол, туку само погледи, воздишки, насмевки, комплименти и тука приказната завршува.

Во преполните барови и клубови, честa „декорација“ се преубавите девојки и жени, кои радосно разговараат, додека ја зафрлуваат косата наназад, флертуваат со мажите околу нив, сакаат да заведуваат и да бидат заведени, но до крајот на вечерта никој од нив не приоѓа и сите се враќаат дома, на самотијата.

Француските експерти објаснуваат дека проблемот лежи токму во „скоцканата“ дама, бидејќи резултатите од истражувањето покажуваат дека мажите повеќе не наседнуваат на високи потпетици, фризура, облека, шминка, нивниот вид е презаситен од супер средените убавици кои ги гледаат секој ден во списанијата, на телевизиите, на улиците, па поголемо внимание обрнуваат на скриената убавина, шарм, женственост, поглед.

Француските психолози во истражувањето ги прашаа студентите: Што е тоа кај жените што ги освојува мажите?Младите мажи набројале многу особини, а убавината се нашла на четвртото место, додека на фризурата и стилот на облекување речиси не обрнувале внимание. Девојките, напротив, биле убедени дека на мажите им е апсолутно најважен изгледот на девојката, а веднаш потоа и каква им е косата, облеката, парфемот… Очигледната поделба во одговорите е доказ зошто убавиците самуваат, тврдат експертите.

Американските психотерапевти тврдат дека повеќето жени не се свесни за изразот на нивното лице и впечатокот кој го оставаат на мажите. Посилниот пол не ја забележува нијансата на карминот, ниту најновата маскара која најверојатно ги нагласува трепките, но го забележува мрштењето и „киселото“ лице. Таквиот израз е типичен за убавиците, дури и кога пешачат по улица беспрекорно дотерани, несвесно упатуваат дрзок поглед, како моделите на модна писта и ги одбиваат додворувачите, бидејќи не делуваат женствено туку ратоборно.

Чекајќи го замислениот, совршен принц на бел коњ, жените често остануваат слепи пред љубовта која им ја нуди „обичниот смртник“, бидејќи не се свесни дека токму со него би можеле да доживеат убава бајка.

Во малиот експеримент на социјалните мрежи, мажите одговарале на прашањето зошто се поретко им приоѓаат на девојките, а уште поретко се впуштаат во разговор со нив. Дури 55 отсто од нив рекле дека ги одбива незаинтересиран, леден поглед во страна.

– Сфатете, повеќето мажи се плашат од одбивање. Ако жената го гледа мажот намрштено, зошто тој воопшто и би се трудел да и пријде?- вели Марни Кинрис, авторка на бројни советодавни книги за машко-женските односи.

 

Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button