Што е потешко од тагата?
Сабота, 22 Ноември 2014 13:09
Што повеќе ќе ве онеспособи: депресија, ангина, артроза, астма или дијабетис? Докторите се уверени дека депресијата е најлоша. Сепак, ако се дијагностицира, може да се излекува.

Депресијата некои поединци може да ги направи поголем инвалид отколку да боледуваат од ангина пекторис, артроза, астма или дијабетис, утврдила Светската здравствена организација (WHO) односно резултатите од истражувањето биле објавени во британскиот часопис The Lancet.
Истражувањето било спроведено на 245.404 возрасни личности од 60 земји од светот. 3,2 проценти од испитаниците во последната година пателе од депресија, а 3,3 проценти од астма. Од ангина пекторис во минатата година пателе 4,5 проценти, од артроза 4,1 и од дијабетис 2,0 %.
На прашањето да го оценат квалитетот на животот со бројка од 1 до 100, испитаниците кои пателе од депресија имале оценка 72,1, а останатите пациенти кои пателе од еден од четирите преостанати наведени болести имале резултат од околу 80.
Студијата покажала дека депресијата е одговорна за намалување на животниот век на некои поединци кои поради неа се заболуваат од други потешки заболувања. Поради тоа научниците повикуваат на докторите за успешно дијагностицирање и лекување на депресијата, бидејќи станува збор за болест која не е тешко да се излекува. Некогаш пациентите се наоѓаат во депресивна состојба кога не сакаат ни да ја примаат терапијата – најчесто психотерапија во комбинација со психо лекарства.
– Лекувањето на депресијата мора да добие подеднаква важност како и лекувањето на останатите четири болести кои ги споменавме во истражувањето-сметаат докторите кои го воделе ова истражување.
-За разлика од физиолошки причинетите болести за чие лекување и термин се веднаш осигурани, a за лекувањето на депресијата пациентите мораат да чекаат со месеци, години. Грешката е во тоа што докторите најчесто се фокусираат на физиолошките симптоми, не препознавајќи ја депресијата кај своите пациенти – сметаат научниците.
