Занимливости

Земете го метрото во раце и проверете колку долго ќе живеете


Земете го метрото во раце и проверете колку долго ќе живеете


Научниците од Лондон тврдат дека најдобар претскажувач на должината на животот е обемот на струкот.

zemete-go-metroto-vo-race-i-proverete-kolku-dolgo-ke-ziveete-01.jpg

Жената висока 1.60 метри би требало да има обем на струкот од 80 сантиметри. Што е обемот на струкот поголем во однос на висината, толку се скратува должината на животот.

Научниците собрале податоци од точно 300.000 луѓе, преку кои дошле до заклучок дека обемот на струкот би требало да изнесува половина од висината на човекот.

Мажот висок 180 сантиметри би требало да има обем на струкот околу 90 сантиметри, додека жената висока 160 сантиметри, би требало да има обем од околу 80 сантиметри.

Таквиот обем на струкот покажува дека шансите за заболување на кардиоваскуларниот систем се помали, затоа што наталожените масти во пределот на стомакот го зголемуваат ризикот од срцев удар и зголемен крвен притисок.

Како што истакнуваат истражувачите, доволни се 15 сантиметри поголем струк од просечниот за да ви се скратат 2 години живот.

Би можело да ве интересира:
Мудра приказна: Скинете го јажето околу нозете!Мудра приказна: Скинете го јажето околу нозете!…
Некој човек поминувал покрај некој циркус и видел два слона кои биле врзани со едно јаже за едната н…
Мудри совети од мојата 90-годишна бабаМудри совети од мојата 90-годишна баба…
Ендру Робертс е познат австралиски бизнис ментор, кој често споделува животни мисли, поуки и лекции …
5 лекции од древните Маи за живот полн здравје и хармонија5 лекции од древните Маи за живот полн здравје и хармонија…
Во современиот свет, во кој се почесто сме преокупирани со информации и технологија, речиси никогаш …

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button