Занимливости

Внимание: Вака настануваат изгорениците од сонцето

Не е сонцето тоа кое ни ја „пржи“ кожата и остава црвени траги, туку изгореницата доаѓа поради одбранбениот механизам на нашето тело. 

Штетните зраци во сончевата светлина предизвикуваат оштетување на ДНК на клетките на нашата кожа. Во зависност од тоа колку е штетно, УВ зрачењето е поделено на три типа: УВА има помалку енергија, подолга бранова должина и благодарение на овие зраци добиваме убав тен; УВБ се бранови со средна должина кои може да доведат до изгореници; УВЦ е зрачење со кратка бранова должина, а со најголема енергија, но нема влијание на нашата кожа, бидејќи главно се апсорбира во атмосферата. 

Кога рецепторите во клетките на кожата – меланоцитите – ги детектираат УВА зраците, почнуваат да произведуваат меланин и така ја потемнуваат кожата. Значи, „работата“ на меланинот е да ги апсорбира штетните зраци пред да ја оштетат кожата и да остават изгореници.

Меѓутоа, кога станува збор за УВБ зраците, тие ја оштетуваат ДНК на клетките. Доколку премногу клетки се уништат и оштетат на овој начин, организмот реагира така што создава изгореници. 

Исто така, на местата каде настанале изгорениците, се зголемува протекот на крвта, за да може организмот што побрзо да се излекува. По извесно време доаѓа до лупење на кожата, односно, на тој начин телото ги исфрла сите клетки уништени од УВБ зраците. 

Подготви: К. А.

Фото: capegrace.com/vesti-online.com

 


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button