Занимливости

Лековитите својства на ловоровиот лист





132455478



Магичниот чувар на здравјето, ловорот, се користи како зачин и лек од многу одамна. Благодарејќи на бројните корисни состојки, ловорот го стимулира процесот на варење, додека цеденото масло од свежите плодови се користи за лекување на осип и болки во мускулите.

Позитивно влијае и на доброто расположение, а помага и при лекување на хистерија, грчеви во стомакот и настинка.

Ловоровото масло се користи за лекување на болки во ушите, модринки, како и за лекување на тешки габични заболувања и инфекции на ноктите. Маслото од ловоровиот лист е едно од најмоќните препарати за јакнење на организмот и превентива, бидејќи го чисти лимфниот систем. Со мачкање на неколку капки на отечените лимфни жлезди се постигнува моментно чувство на олеснување. Се препорачува и како проверено средство за искашлување, но и за лекување на проширени вени.

За лекување на дијабетес, како и остранување на солта од зглобовите, ефикасен се покажал чајот од оваа билка. Ловорот се користи и против главоболка бидејќи содржи партенолиди, супстанци кои поволно делуваат на мигрената.












Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button