Занимливости

ФОТО Енергетски пијалаци и брза храна: Бодибилдер јадел по 10.000 калории дневно, па починал од рак на црниот дроб

Британецот Дин Вормби (39), поранешен бодибилдер и личен тренер, јадел и пиел дневно брза храна и енергетски пијалаци во вредност од 10.000 калории, што е од околу пет пати повеќе од тоа што му е потребно на еден просечен маж. Починал од рак на црниот дроб.

Неговата девојка Шарлот Ригби, со која имал ќерка, била покрај него во болницата се додека не починал од многу агресивниот тумор на црниот дроб, откриен кон крајот на минатата година.

Туморот бил преголем за операција, па Вормби секој ден слабеел. Пред смртта бил непрепознатлив, се исушил, а од огромните мускули останала да виси само кожата.

Во текот на животот, додека бил во полна форма, дневно јадел големи количини на пици, хамбургери, сендвичи со сланина…Пиел по седум-осум лименки енергетски пијалаци.

По дијагнозата рекол дека обидот да создаде идеално мускулно тело со таква исхрана е веројатно виновникот за неговата тешка болест. Низ што поминува раскажувал искрено на Фејсбук.

Открил дека лекарите му понудиле одење на хемотерапија, но дека веднаш го предупредиле дека тоа нема да му биде од корист. Му давале три недели живот. Поживеал подолго. 

Подготви: К. А.

Фото: blic.rs/Fejsbuk

 

 

 


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button