Ако имате висок крвен притисок, јадете јагоди
Доколку имате висок крвен притисок, консумирањето јагоди може да ви помогне да го вратите во нормала.
Во истражувањето направено во еден универзитет во Флорида учествувале 60 жени кои ја поминале менопаузата. Сите тие имале малку, а некои повеќе покачен крвен притисок кој бил мерен пред да се изврши експериментот, како и откако експериментот бил завршен.
Хипертензијата е вообичаена по менопаузата објаснуваат научиниците. Најверојатно причина за тоа е промената на телесната тежина и промeната на работа на хормоните.
Жените кои учествувале имале крвен притисок повисок од 130/85, но понизок од 160. По осум недели, крвниот притисок кај повеќето од жените бил понизок.
Истражувачите заклучиле дека јагодите можат да помогнат во регулирањето на крвниот притисок поради тоа што тие се богати со антиоксиданти. Тие во себе содржат состојки кои ги прошируваат артериите и го намалуваат притисокот.
Затоа, доколку имате проблем со хипертензија, јадете јагоди!
Подготви: К. А.
