Шест совети за помош при отечени нозе
Наутро вашите стапала и нозе изгледаат вообичаено, но до крајот на денот силно потекуваат и одвај чекате да се опуштите. Отеченоста, односно едемите, настануваат кога течностите се собираат во ткивото, а последица е отежнатиот проток на крв и лимфите.

Отеченоста на стапалата посебно се јавува летно време, што може и сами сте го забележале кога под влијание на сонцето и топлината се шират крвните жили и капилари.
Еве неколку совети како сами себе да си помогнете ако ве мачи отеченост во стапалата и нозете:
– Намалете го внесувањето на сол – солта допринесува за задржување на течностите.
– Барем 10 – 15 минути дневно одмарајте така што ќе легнете на грб со подигнати нозе.
– Редовно вежбајте – тренингот ја подобрува циркулацијата.
– Намалете го вишокот килограми – прекумерната тежина ја забавува циркулацијата на телесните течности и додава притисок на вашите вени.
– Избегнувајте предолго седење – па секои два часа станувајте и малку прошетајте.
– Ако симптомите не се повлечат, задолжително консултирајте се со вашиот доктор.