Занимливости

Овој доктор знае како да престанете да пушите

Доктор Макс Пемберт, инаку и самиот поранешен пушач, знае како да се откажете од таа нездрава навика.

Како и повеќето пушачи, др. Макс Пембертон исто така знаел колку се штетни цигарите, но тоа не го спречило да продолжи да ги конзумира. Од своето искуство со луѓето кои ги лечел од зависноста од дрога, развил програма за да си помогне најпрво себе си да ги остави цигарите. И му помогнало, а еве како.


ПРВА ВЕЖБА


Напишете на лист хартија што е тоа што го сакате во врска со цигарите и зошто. Не е важно колку може некои од тие работи да ви делуваат глупаво, важно е да сфатите што всушност ви овозможуваат цигарите – дали ве смируваат, ви ја подигнуваат самодовербата…?


ВТОРА ВЕЖБА


После тоа, направете листа на работи кои ве спречуваат да престанете да пушите. Очекувајте оваа задача да ви биде потешка отколку што звучи. Додека пушиме, всушност не размислуваме за тоа што е всушност причината која не` спречува да престанеме со оваа грда и нездрава навика. Почнете да пишувате и ќе сфатите што е тоа што ве спречува да престанете и што ве влече да продложите со пушење.


ТРЕТА ВЕЖБА


Вратете се на листата која ја направивте во првата вежба, а потоа напишете ги сите предности од престанокот со пушење – зошто сакате да престанете да пушите, кои се добрите страни на тоа…?


Докторот вели дека кога ќе стигнете до третата вежба, сето она што сте го напишале во првата ќе ви делува како илузија. „Причините поради кои пушите ви делуваат реално, но всушност не се. Наместо тоа, се` на оваа листа е обид на вашиот ум да оправда нешто што всушност нема смисла“, вели доктор Макс.


Сите знаеме дека пушењето е лошо, дека остава ужасни последици на здравјето и полека не` убива, а на крајот, тоа е и беспотребно фрлање на пари. Иако го знаеме сето тоа, и понатаму пушиме, па на мозокот му преостанува само да смисли што подобри оправдувања.


ЧЕТВРТА ВЕЖБА


Замислете дека сте адвокат. На почетокот, обидете се да го браните случајот, односно да изнесете причини за продолжување со пушењето, но обрнете внимание на информациите кои сте ги изнеле во првата и втората вежба. Обидете се да замислите дека сите аргументи навистина ги изнесувате пред судија и порота и се обидувате да бидете што е можно поубедливи. Цигарите се обвинети, а вие ги браните со сите средства.


После тоа, заменете ги страните – ги обвинувате цигарите пред судија и порота, обрнувајќи внимание на сето она што сте го изнеле во третата вежба.


Овие вежби би требало да ви помогнат да размислувате објективно за целата ситуација, а со самото тоа и да ги оставите цигарите, тврди доктор Пембертон.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button