4 состојки кои треба да ги избегнувате во козметичките производи
Четврток, 10 Април 2014 09:01
Многу козметички компании од своите производи сакаат да извлечат што поголема заработка. За да го постигнат тоа, тие често креираат производи со евтини состојки. Таквите производи се лош избор за нега, па затоа ве информираме на кои состојки треба да посветите внимание бидејќи се штетни.

Парабен – Се користи како конзерванс во козметиката за да спречи ширење на бактерии. Контраверзен е бидејќи се поврзува со ракот на дојка, но и затоа што покажува слаба способност на лачење на хормонот естроген (кој игра важна улога во создавањето рак на дојка). Парабенот допринесува за стареење на кожата, но и оштетување на ДНК.
Триклосан – Се користи како антибактериско средство, но и се верува дека триклосанот е поврзан со пречка на хормоналната функција и може да ја зголеми склоноста на алергии. Триклосанот може да доведе и до отпорност на антибиотици.
Пропилен гликол (познат како антифриз) – Се користи како детергент, овлажнувач, средство за создавање пена. Постојаното изложување на оваа состојка може да доведе до иритации на кожата, мачнини, главоболки,…
Минерални масла (петролеј) – Хидрирачката состојка која во козметиката се користи и како дел од формулација за парфемите. Настанува како нус производ од дестилација на бензин од сирова нафта. Се поврзува со затнати пори, ја намалува функцијата на плуќата што може да доведе до запаление на плуќа.



