ИСТРАЖУВАЊЕ: Кафето и цигарата се лоша комбинација
(Фото: makevictoriabetter.blogspot.com) Француски научници тврдат дека кафето и цигарата се многу лоша комбинација.
Причината е тоа што пушењето спречува да биде почувствуван вкусот на пијалокот, објави британскиот весник „Индипендент“.
Научниците откриле дека пушењето предизвикува постојани структурни промени на јазикот и ја влошува способноста за препознавање на карактеристичните горчливи ноти.
Фактот дека токсичните хемикалии во тутунот го намалуваат чувството за вкус е познат одамна. Новото истражување открива дека ефектот е долготраен и најмногу погодено е чувството за горчливост.
Секој петти пушач од учесниците во истражувањето не можел да ги препознае горчливите вкусови. Кај поранешните пушачи процентот е уште поголем – 26,5 , во споредба со 13,4 од непушачите.
Пушењето не влијае врз препознавањето на солено, слатко и кисело.
(Телеграф.мк/Vesti.bg)