Занимливости

Кадетите загубија од Исланд

Македонската кадетска ракометна репрезентација, во средата, загуби од Исланд со 25-26, во вториот натпревар од Групата 1 во која разигруваат за пласман од деветтото до 16-то место на континенталното првенство во ракомет што се одржува Полска.

По победата над Србија, македонските кадети против Исланд одиграа натпревар полн со осцилации, што на крајот резултираше со пораз.

Исланд во еден дел од првото полувреме имаше предност од шест гола, на полувреме Македонија имаше негатива од четири гола (10-14). Во вториот дел по 10 минути игра Исланѓаните ја достигнаа највисоката предност од осум гола (12-20).

Последните 20 минути македонските кадети започнаа да ја топат предноста на противникот, имаа негатива од два гола во 58.минута (23-25), но немаа сили да направат целосен пресврт.

Во досегашниот дел од ЕП во Полска, македонската кадетска репрезентација забележа четири порази (Русија, Шпанија, Данска и Исланд) и една победа (Србија).

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button