Занимливости
Проклетството на шеќерот: Јадел “здрава” храна 60 дена, и поради тоа зажалил!
Иако мислел дека прави добра работа, овој маж за два месеци се здебелил осум килограми, “заработил” болест “здебелување на црниот дроб” и го зголемил ризикот за срцево заболување…
38-годишниот Дејмон Гамеау престанал да јаде брза храна на 60 дена. И поради тоа зажалил…
Иако мислел дека прави добра работа, овој маж за два месеци се здебелил осум килограми, “заработил” болест “здебелување на црниот дроб” и го зголемил ризикот за срцево заболување…
Овој Австралиец поради тоа ги повикал сите произведувачи на “здрава храна” да бидат попрецизни кога станува збор за означувањето на составот на производите и количината на шеќер во нив, бидејќи токму шеќерот бил виновен за здравствените проблеми кои му се случиле.

“Не јадев “џанк фуд”, сладолед, чоколади, не пиев газирани безалкохолни пијалаци. Мојата исхрана се базираше на спортски пијалаци, јогурти без масти, плочки со житарки и слични здрави производи”, вели тој.
Најмногу, тврди тој, го изненадило како овој тест делувал на неговото ментално здравје, когнитивните функции и (не)способноста за учење и памтење.

За својот проблем ја напишал и книгата “That Sugar Book”, а според неговата приказна бил снимен и истоимениот документарен филм, кој се прикажува во британските кино сали, пишува Daily Mail.
