Грешки кои ги прават изневерените жени
Кој еднаш ќе изневери, ќе го направи тоа повторно. Понекогаш, без оглед на тоа што правите можете да бидете изненверени и не постои ништо што би можело да се спречи. На вас е да одлучите што и како понатаму, а психолозите ви донесуваат неколку грешки кои ги прават изневерените жени, а не би требало.
Истрага
Една од најчестите грешки која ја прават жените, кога мажите изневеруваат, е да започнат со истражување на секоја ситница, која ќе ја видат или слушнат после тоа. Иако понекогаш е природно да бидете сомничави, постојат моменти во кои ќе донесете погрешен заклучок и ќе го обвинувате партнерот за нешто што не го направил. Ако сакате да го обвините морате да имате конкретни докази или факти за такво нешто.
Вина
Најлесно е да ја обвините другата жена, но сетете се дека за неверство се потребни двајца и тој можел да размисли пред да го направи тоа.
Да се промените себеси
Она што секако треба да го избегнувате, е да се промените себеси само за да го задржите. Ако сметатате дека вие сте виновни за неговите постапки, размислете уште еднаш. Ако тој ве изневерил вас тоа не е одраз на вашата вредност, туку факт дека тој не е способен да одржи здрав однос.
Да го промените него
Факт со кој само се залажувате, ако тој самиот не сака да се промени, вие никако не можете да влијаете.
Исклучок
Кога се работи за неверство, некои жени имаат тенденција да му простат на партнерот, верувајќи дека тоа било само еднаш, поради одредени околности, и дека тоа нема да се повтори. Па, пред да се одлучите да му простите, оставете простор да покаже колку му е тешко за тоа што го направил и колку ве сака. Тогаш сте подготвени да донесете одлука.
Подготви: К. А.