Четири фактори што го зголемуваат апетитот
фото:Телеграф.рс Дури и да имате режим и да сте навикнати да консумирате исто количество храна, постојат неколку фактори што лесно можат да ви го зголемат апетитот. Еве кои се тие:
(Фото: cdn2.thegrindstone.com)
Клима-уред
Кога е студено внесуваме повеќе калории, бидејќи на телото му треба енергија за да биде топло. Немојте да се изненадите ако постојано ви се јаде, кога над главата ви дува климатизер и кожата ви е оладена. Таа само сака да се стопли!
(Фото: Torange.us)
Лекови
Прочитајте внимателно какви апчиња земате. Голем дел од антидепресивите влијаат на апетитот. Консултирајте се со лекар и дерматолог за секој препишан лек и за несаканите ефекти од него.
Додатоци
Исто како и некои лекови, и додатоците можат да го предизвикаат апетитот, особено оние што дејствуваат како диуретици.
(принтскрин)
Промена во вежбање
Промената во вежбањето е задолжителна, бидејќи така мускулите нема да се навикнат кон одреден тип вежби. Новите движења организмот, сепак, ги чувствува како нешто различно и додека се навикне на нив, може да го зголеми енергетскиот биланс, што значи дека ќе ви се јаде повеќе. Обидете се да ја совладате гладта со многу течности, овошје и зеленчук.
(Телеграф.мк/Tialoto.bg)
